После девет часа и тешката сообраќајка, нормализиран сообраќајот на патот Прилеп – Битола

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

После тешката сообраќајка која се случи утрово во 8 часот во која загинаа три лица на патот Битола – Прилеп кај клучката „Лагово“, во нешто после 16:30 часот е нормализиран сообраќајот на истиот патен правец.

Во сообраќајката загинаа три лица, вработени во приватна клиника во Битола, доктор радиолог, примариус д-р Александар Ристески, радиолог, д-р Никола Василевски, гинеколог, и рендген техничарката Фанче Јовановска.

По сообраќајката, Основното јавно обвинителство нарача и увид и вештачење.

Овој патен правец често одзема жртви. Веќе 30 години се најавува нов пат во вид на експресен пат или автопат, но од него нема ништо. Само се „фрлаат лопати“, а ништо конкретно не се презема.