Авиокомпаниите чии авиони од типот Боинг 737 МАКС се приземјени на аеродромите повеќе од 20 месеци, ќе мора да направат преглед и сите поправки, и да ги пуштат одново да лтаат.
САД во средата даде зелено светло овој тип на летала повторно да биде во воздушниот простор, иако пред да забраната, имаше две големи несреќи, во кои загинаа 346 лица.
На овој модел се извршени неколку модификации. Исто така американската сојузна агенција за воздушен сообраќаај наложи пилотите да минат дополнителна обука.
Несреќите со Боинг 737 МАКС се случија во Индонезија и во Етиопија.
Американската национална компанија „Американ Ерлајнс“ најави лет со тие авиони кон крајот на декември.