Хрватската компанија „Подравка“ соопшти дека поради заштита на своите потрошувачи, од пазарот го повлекла производот „Вегета Маестро крупна молска сол со мелница 100 грама“, пренесува „Индекс“.
Причината за повлекување на овој производ од пазарот е можна присустност на делови на туѓо тело.
Пред неколку дена од хрватскиот пазар беа повлечени и „Кит-кат“ наполитанки.
