После САД, и Франција и Велика Британија дадоа дозвола Украина да ја нападне Русија со ракети со долг дострел

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Џо Бајден им дозволи на Украинците тоа што очајно го бараа со месеци, способност да напаѓаат цели длабоко во Русија со западни ракети со долг дострел. И веднаш по САД, Велика Британија и Франција донесоа одлука со која им дозволуваат на Украинците да напаѓаат цели длабоко во Русија со ракети SCALP и Storm Shadow.

Ова за Ројтерс го потврдија три извори запознаени со одлуката. Ова е значајна промена во политиката на САД во украинско-рускиот конфликт.

Украина планира да ги изврши првите напади со долг дострел во наредните денови, велат изворите, без да наведат детали поради оперативни безбедносни грижи. Белата куќа одби да ја коментира оваа информација. 

Промената на политиката дојде откако стана јасно дека Русија ги пополнува сопствените сили со севернокорејски војници и ги испраќа во битка против украинската армија. Вклучувањето на Северна Кореја во војната, како што потсетува Ројтерс , предизвика тревога во Вашингтон и Киев.

Како што објави „Фигаро“ , веднаш по САД, Велика Британија и Франција донесоа одлука со која им дозволија на Украинците да напаѓаат цели длабоко во Русија со западните ракети со долг дострел SCALP и Storm Shadow.