Последната алиментација ја платил со истоварување на 80 илјади монети на тревникот кај својата поранешна жена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден лут сопруг од Вирџинија на својата поранешна жена последната рата од алиментацијата и ја истоварил во тревникот.

Имено, тој истоварил вкупно 80.000 монети.

Поранешната сопруга и нејзината ќерка ги собрале монетите и решиле да ги донираат на Центарот за социјална работа на Саф Харбор, пишува Фокс Њуз.

„Тој не се обидува да ја посрамоти само мојата мајка, туку и мене и сестра ми. Ме боли што не размислуваше кога започна да го прави ова“, вели ќерката Ејвори Санфорд.

Таткото пак вели дека го повеле емоциите и дека му е жал за таа одлука.

На крајот, мајката и ќерката решија негативното искуство да го претворат во позитивно донирајќи ја добиената сума на оние на кои им се потребни парите, за што добија бројни пофалби на социјалните мрежи.