Супер-тајфунот Ман-ји, кој зајакнува и може да има „потенцијално катастрофално“ влијание врз Филипините, денеска стигна до брегот на архипелагот и предизвика бранови високи до 14 метри, според податоци од метеоролошката служба.
Повеќе од 650,000 луѓе беа евакуирани. Во општина Катандуанес, во областа Бикол, ветровите достигнаа брзина од 195 км/ч, објави националната метеоролошка агенција.
Милиони луѓе се загрозени од супер-тајфунот, кој е шеста голема бура што ги погоди Филипините за еден месец.
Во претходните бури загинаа најмалку 163 луѓе, илјадници останаа без покрив над главата, а беа уништени посевите и добитокот.
Властите го повикаа населението да ги послуша предупредувањата и да побара засолниште од невремето.