Потона брод со 300 патници во Нигерија: Има загинати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се стравува дека десетици луѓе се удавиле откако брод со претежно жени и деца кои се враќале од верски фестивал се превртел во северна Нигерија, соопштија денеска локалните власти за вонредни состојби и жителите.

Несреќата се случила синоќа околу 20 часот и 30 минути кога дрвен брод со речиси 300 патници потонал во реката Нигер, изјави Абдулахи Баба Арах, шеф на Државната агенција за вонредни состојби на државата Нигер.

Спасувачите и волонтерите од руралниот регион Моква во Нигер спасија 150 луѓе, додаде тој. Операцијата за пребарување и спасување се уште е во тек, се вели во соопштението на Арах.

Исмаила Умар, која го предводи здружението на капитен на бродови во Моква, изјави за британската агенција дека има мали шанси да се најдат преживеани.

Ова е втора голема катастрофа во нигериската држава Нигер во последните 18 месеци. Пренатрупаноста и лошото одржување се одговорни за повеќето несреќи на нигериските водни патишта.