Потврдени 21 нови случаи на коронавирус во Грција, вкупно 31

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 24 анализирани сомнителни случаи, 21 се позитивни на новиот коронавирус во Грција и станува збор за лица кои паутвале во Израел и Египет, заедно со 67-годишниот маж, за кој вчера имаше потврда дека е заразен со коронавирусот,  со што бројот на Потврдени случаи кај јужниот сосед се искачи на 31.

Претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за новиот коронавирус и научен соработник во Националната организација за јавно здравје професорот Сотирис Циодрас, на прес конференција рече дека од 21 случај, девет лица се хоспитализирани, а останатите 12 се во домашна изолација.