Потврдено обвинението за Кадри Весели од Меѓународниот суд за Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и поранешен претседател на косовското Собрание Кадри Весели му е потврдено обвинението од страна на Специјалното обвинителство на Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку соопштението кое претпладнево го објави неговата партија, Весели информира дека обвинението го добил вчера попладне и дека ќе отпатува за Холандија во текот на денешниот ден.

Весели, кој е еден од водачите на Ослободителната восјка на Косово (ОВК) и шеф на нејзините разузнавачки служби, вели дека доброволно ќе замине во Хаг за да се соочи со обвинениејата, затоа што, како што вели, тоа го гледа како можност да одоговори на „сомнежите и лажните озборувања кои кружат со години“ во врска со борбата на ОВК.

– Свесен сум дека има луѓе во Косово кои мислат дека Специјализираните комори се навреда за нашата историска борба за одбрана на народот на Косово од злосторствата на режимот на (некогашниот претседател на Србија, Слободан) Милошевиќ. Но јас не го гледам тоа на тој начин. Јас го гледам како можност да одговорам на сомнежите и лажните озборувања кои кружат со години. Од кога Дик Марти го објави неговиот неоснован извештај, беше неизбежно доаѓањето на овој ден. Беше неизбежно неговите неправедни обвиненија да се проверат пред еден суд, за да им се стави крај еднаш и засекогаш. Тоа е причината зошто јас го поддржав основањето на тој ттрибунал и тоа е причината поради која сега сум подготвен да ја одиграм мојата улога во тој процес, порача Весели.