Повеќе од 100.000 луѓе се водат како исчезнати по циклонот на француските острови Мајот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако досега се пријавени само 22 смртни случаи, се стравува дека десетици илјади луѓе можеби загинале на францускиот архипелаг Мајот во налетот на моќниот циклон Чидо минатиот викенд.

Црвениот крст соопшти дека како исчезнати се водат над 100.000 луѓе, вклучувајќи и 200 волонтери од организацијата.

Циклонот донесе ветришта од 200 километри на час на оваа француска територија во Индискиот Океан, а во болницата не е регистриран зголемен број ан повредени.

„Фактот дека нема толку повредени ни кажува дека многу луѓе се затрупани и се мртви. Очекуваме илјадници, ако не и десетици илјади мртви“, истакна Науел Буабас, лекарка во болницата во Мајот.

Властите кажаа дека билансот може да биде катастрофален – стотици илјади мртви.

Мајот има околу 320.000 жители, од кои 75% живеат во сиромаштија.