Повеќе од 30.000 луѓе протестираа во Берлин против десничарските сили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 30.000 луѓе денеска учествуваа на протестот против десничарските сили во главниот град на Германија, соопшти берлинската полиција.

Протестот, кој се одржа една недела пред федералните избори, го повика организацијата „Ние сме огнениот ѕид“, објави берлинскиот весник „Тагесшпигел“.

Новинарот и автор Марк Рашке ги повика учесниците на протестот да гласаат и да ги охрабрат другите да го сторат истото, како и да „заземат јасен став против десницата“.