Откако прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас заврши во март со израелски воздушни напади, бомбардирањата продолжија низ Газа.
Според болничките податоци, повеќе од 40 лица се убиени во последните израелски напади низ Појасот Газа, јавува Би-Би-Си.
Според извештаите, најмалку 36 тела биле транспортирани во болници на југ, каде што во текот на ноќта било пријавено интензивно израелско бомбардирање.
Целта на нападот беше Кан Јунис, најголемиот град во јужна Газа.
Извор во болницата Насер во Кан Јунис потврди дека меѓу загинатите има деца, вклучувајќи и едно бебе. Нападите погодија куќи и шатори во кои беа сместени раселени семејства во градот и околните области.
Локалните новинари објавија дека мртовечницата на главната градска болница е преполна со тела, додека ходниците на итната помош се полни со ранети.
ФОТО: Архива
