Повеќе од 400.000 жители на Канада останаа без струја поради невреме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 400.000 луѓе останаа без струја во канадската провинција Онтарио, која беше погодена од невреме со замрзнат дожд за време на викендот, соопштија денеска канадските власти.

Според компанијата за дистрибуција на електрична енергија Hydro One, се очекува да бидат потребни неколку дена за да се врати напојувањето на сите корисници, пренесува CBC News.

Како што наведоа, сите екипи се на терен за што поскоро да ги санираат последиците од невремето и да обезбедат струја за потрошувачите во погодените подрачја.