Во земјите од Европската унија во април се регистрирани 913.995 нови автомобили.
Ова е за 13,7 отсто повеќе од истиот месец лани, објави денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).
На сите поголеми европски пазари е забележан значителен пораст на продажбата на годишно ниво и тоа во Шпанија за 23,1 отсто, Германија за 19,8 отсто, Франција за 10,9 отсто, Италија за 7,7 отсто.
Во април е регистриран најголем број нови возила на бензин со 36 отсто, потоа хибридните електрични возила (HEV) со 29,1 отсто, автомобилите на дизел со 12,9 отсто и електричните возила со батерии (BEV) со 11,9 отсто.
Бројот на регистрирани електрични возила со батерии во април е зголемен за 14,8 отсто на годишно ниво, на 108.552 автомобили.
Уделот на хибридно-електричните возила (HEVs) значително се зголеми на годишна основа, бидејќи во април 2023 година изнесуваше 24,9 проценти.
