„Помалку трошоци, повеќе за тебе“! Оваа налепница стои на рафтовите на производите кои се за 10% поевтини и се дел од мерката Новогодишна кошничка.
За мерката, граѓаните со поделени мислења. Некои веруваат дека има поевтинување, друпги пак велат дека се прават манипулации.
Пазарниот инспекторат апелира до граѓаните доколку забележат манипулации да се јават на 191 да пријават. Од ДПИ информираат дека кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година и ќе вршат контроли на пазарите за да утврдат дали се почитува постигнатиот договор меѓу Владата и трговците.
Министерот за економија Бесар Дурмиши се пофали за нивната заложба за намалување на цените.
-Преку оваа мерка директно им помагаме на граѓаните, да им излеземе во пресрет на граѓаните, да се подобри животниот стандард на граѓаните во временски период, односно за време на претстојните празници. Ние им ветивме на граѓаните и се обврзавме, се заложивме да донесеме мерки кои ќе им користат, презедовме мерки во корист на граѓаните, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија.
Инаку, намалување на цените имало за 73 производи и со замрзнување на маржата од 10% на есенската потрошувачка кошничка. Исто така, за Велигден и за месец Рамазан ќе има специјална кошничка со пониски цени.