Повеќето жители на Гренланд за приклучување кон САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од половина од жителите на Гренланд ја поддржуваат идејата за приклучување кон Соединетите Американски Држави, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од невладината организација „Патриот Полинг“.

Вкупно 57,3 отсто од испитаниците ја поддржале идејата за приклучување кон САД , а 37,4 отсто биле против.

Во исто време, неопределени се 5,3 отсто .

Истражувањето е спроведено од понеделник, 6 јануари до сабота, 11 јануари, а биле анкетирани вкупно 416 Гренландци.