Повлечени замрзнати пилешки батаци поради салмонела во Хрватска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Серија замрзнати батаци без коски „ТатаМата“ – кои ги произведува Валипиле од Шесветски Краљевац, а ги пласира Станиќ, се повлечени од пазарот поради утврдената бактерија салмонела ентеритидис, извести Државниот инспекторат.

Тоа е исклучиво производ со ознака „LOT 24084, рок на траење 16.07.2025 година“, кој не е во согласност со Регулативата на Европскиот парламент и Советот за микробиолошки критериуми за храна.