Повредени неколку лица во невремето во Сплит, оштетен и стадионот „Пољуд“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради силната бура што го погоди Сплит, а особено областа Марјан, во утринските часови, Јавната установа „Парк шума Марјан“ издаде известување до граѓаните и посетителите дека не се препорачува доаѓање во Марјан. Според соопштението, голем број дрвја се оштетени или соборени, а постои ризик од паѓање гранки.

Патиштата се непроодни, што ја отежнува безбедноста на граѓаните, а неколку граѓани беа повредени во областа Марјан. 

„Во овој момент немаме точни информации за повредени, но можеме да кажеме дека имаме извештај за повредени лица во областа Бен. Не го знаеме точниот број на повредени лица, но врз основа на извештаите можеме да кажеме дека има 3 или повеќе лица. Службите за итни случаи, полицијата и брзата помош се испратени на местото на настанот и можеме да кажеме дека истрагата е во тек“, изјави Сања Назлиќ од сплитската полициска управа.