Повремени локални врнежи од дожд, максималната температура 14 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.