Голема површина со трска повторно изгоре во Струга. Минатата недела две пожари беа евидентирани покрај патот од Струга до село Калишта, долж езерскиот брег на државно земјиште, а за гаснење на пожарот интервенирале пожарникарите. Ова се повторува секоја пролет, пред почетокот на туристичката сезона, од несовесните граѓани кои поради профит – изградба на плажи и узурпација, го уништуваат природниот биодиверзитет на охридско езеро.
Рибара од видот крап се уништува и птиците исчезнуваат оставајќи ги запалените гнезда. Екологистите одамна алармираа. екологистот Коста Хиохи вели дека тоа веќе станаа традиција и дека никој не презема мерки, а според него, молчат и најгласните екологисти.
„Подметнувачите на пожари секогаш се идентификувани како „непознат сторител“. И покрај предупредувањата за поголема реорганизација на институциите на овој екоциден систем, тоа се случува во континуитет при репродукција на птици, влекачи и риби и никој не се грижи за тоа. Најгласните еко-активисти наеднаш замолчеа. Секој од нас е свесен дека трската на одредени места мора да се сече и да се контролира нивното проширување, но за тоа треба да одлучат инженери за животна средина и релевантните инспектори, а не поединци кои не се стручни за тоа“, вели Коста Хиохи.
ТВ21 стапи во контакт со канцеларијата за животна средина во општина Струга, од каде ни рекоа дека не се надлежни да преземаат мерки бидејќи, како што велат, делот каде што е запалена трската е природно наследство.
„Тоа е дел од природното наследство. Ние немаме надлежност, затоа што дел од законот на природата го проверува државниот инспекторат за животна средина, можеме само да интервенираме во случај државните инспектори да не можат да дојдат во моментот, можеме да сликаме за да покажеме колкава површина е запалена, но немаме овластување да преземеме натамошни мерки“, велат од Општинскиот Инспекторат за животна средина.
Од друга страна, Државниот инспекторат за животна средина тврди дека надлежностите ги има општинскиот инспекторат, токму затоа што езерото е дел од културното наследство Уништувањето на трската е едно од забелешките на УНЕСКО за Охридското Езеро. Екологистите ги повикуваат инспекциските служби да преземат мерки. Кривичниот законик за незаконска трансформација и уништување на брегот на езерото предвидува затворска казна од три месеци до три години.
