Куќи полни со вода, натопен мебел, уништени апарати за домаќинство од водата. Ваква е состојбата во населбата Прилепска во Кичево по поројните врнежи од дожд. Оваа населба често е поплавена од водата на реката Зајас која се излева од нејзиното корито. Од 12 часот на полноќ жителите се борат за да ги заштитат децата од фатална несреќа. Велат дека не ги посетил никој за да им понуди помош а се плашат да ја поминат ноќта тука. Тие бараат помош од надлежните.
„Од овде влегува вода, нема заштита, немаме канализација, не ја направи градоначалникот а го гласавме за да ја уреди реката, имаме штета,првиот пат не платија , ни вториот пат, имаме штета можеби од 5000 евра“.
„Избегавме синоќа, сите три соби се полн и со вода, немаме никаква заштита од никого, ниту багери ни ништо, не испратија синоќа кај салата Ивандол, ни ќебе, ни јорган, ништо, ништо, смрзнавме цела ноќ како што гледате, теписи, кревет , фрижидер, се е поплавено“.
„Ова што се случува во населбата Прилепска не е само оваа година, ние со оваа состојба се соочуваме секоја година, поплави, немаме заштита од никого, сите доаѓаат, прават, правата се додека седнат во фотелја, а по изборите никој не не познава“.
„Се е под вода, остави водата ама внатре ни влезе и ѓубре , значи ние ве молиме да ни помогнете на сите, сега за сега треба да ни помогнете“.
„Цела куќа е поплавена, цело место е поплавено, немаме каде да одиме, на улица сме“.
Тие бараат помош од надлежните да им подадат рака бидејќи како што велат загрозен е живото на нивните деца. Инаку во тек е проект за изградба на социјални станови во Кичево посветени главно н а жителите од населбата Прилепска, населба која секоја година е во опасност од поплави.
