Министерката за образование на Косово, Арберие Нагавци престојува во официјална посета на Северна Македонија. По средбата со министерката за образование и наука, Мила Царовска, двете министерки имаа обраќање пред медиумите. Нагавци им се обрати на новинарите, но настана проблем околу преводот.
Домаќините на настанот, Мила Царовска и заменик-министерот Арафат Шабани, немаа обезбедено соодветен преведувач на албански и македонски, па затоа министерката Нагавци беше принудена да се обрати на англиски јазик.
Момчето кое се трудеше да ги преведе зборовите на косовската министерка, беше видливо збунет и во непријатна ситуација, како и министерката Царовска.
Слична ситуација имаше и пред четири месеци, овојпат со премиерот на Албанија, Еди Рама на Економски форум кога преведувачот доцнеше со преводот, по што уследи реакција на Заев, а потоа и на Рама.
Инаку, по средбата, Царовска и Нагавци изјавија дека размениле искуства и дискутирале за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Косово во областа на образованието и наука.
