ВИДЕО Армискиот хеликоптер полни вода од Вардар за гаснење на пожарот кај Грачани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силна воздушна поддршка е ангажирана во гаснењето на големиот пожар кај селото Грачани, кој е активен и од македонска и од косовска страна. Во акцијата учествуваат армиски и полициски хеликоптери, како и воздухоплови на Дирекцијата за заштита и спасување.

Армиски хеликоптер утрово полни вода од вливот на реката Лепенец во Вардар, по што водата се користи за гаснење на пожарот на терен.

Во операцијата се вклучени и пилоти на „ер трактори“ на ДЗС, а според информациите на главниот кризен штаб, во гаснењето на пожарот дополнително се приклучиле и два ер трактори.

Воздушната поддршка делува заедно со скопските пожарникари и огнените тимови на ДЗС, кои со специјализирани возила „пинцгауер“ се ангажирани на терен.

Раководителот на Главниот кризен штаб, Стојанче Ангелов, упати благодарност до армиските и полициските пилоти, пилотите на ДЗС, како и до воздухопловно-техничкиот персонал.

Ангелов посочи дека техничкиот персонал на земја има особено важна улога, бидејќи без неговата поддршка, како што наведе, би било невозможно непреченото дејствување на хеликоптерите и ер тракторите.