„Отстранете ја депонијата од градот, нè задушивте!“ – Ова е слоганот на денешниот протест, кој следи по протестот од пред две недели, на кој се бараше преместување на депонијата од градот Кичево. Организаторите, огорчени од отсуството и реакцијата на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, по протестите, бараат итно решение. Велат дека со растот на температурите, мирисот од депонијата е неподнослив.
Револтираните граѓани на протестот бараат од Дехари да излезе и да разговара со нив со цел да се најде некакво решение.

„Дури и по вториот протест организиран од организаторите и граѓаните, 23-цата советници, градоначалникот, општинската администрација, Јавното претпријатие и разни институции не излегоа пред граѓаните да одржат 5-минутен говор“.
„10 години сигурно, минатата година имаше голема криза бидејќи се запали сред лето и се отрувме од чад“.
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, минатиот пат за ТВ21 изјави дека чекаат изградба на депонијата во Новаци кај Битола.
Демонстрантите предупредија дека нема да застанат тука, бидејќи на следниот протест ќе го земат ѓубрето со себе и ќе го фрлат во дворот на Општината.
