Повторно рекорд во Хрватска – нови 2242 случаи на коронавирус, починаа 16 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Националната дирекција за цивилна заштита во Хрватска ги објави најновите податоци околу коронавирусот. Во последните 24 часа се регистрирани рекордни 2242 случаи на Ковид-19 во оваа земја.

Починале 16 лица.

Според најновите податоци, во моментов во Хрватска 731 пациент е на болничко лекување, додека 52 пациенти се на респиратор.

Активни случаи во Хрватска во моментов се 9745. Во самоизолација се вкупно 27967 лица.

Во оваа земја се тестирани вкупно 437.048 лица.