Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци, два ер трактори интервенираат на тешко пристапен терен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарот во кавадаречкиот регион повторно се реактивираше и се прошири на тешко пристапен терен, поради што надлежните служби ги засилија активностите за негово локализирање.

Во гаснењето од воздух се вклучени два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои од утрово дејствуваат врз најкритичните делови од пожарот.

На терен е и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој ја следи состојбата и координацијата на активностите со службите ангажирани во справувањето со огнената стихија.

Надлежните продолжуваат со интензивни напори за ставање на пожарот под контрола, а поради непристапниот терен интервенцијата е дополнително отежната.