После неколкунеделно смирување, утрово повторно се затресе тлото во Хрватска, во близина на Петриња и Сисак, каде што на крајот од минатата година имаше силен земјотрес при кој загинаа четири лица, а многумина останаа без домови.
Утрово во 8:54 часот, повторно се тресеше истата област, откако се случи земјотрес со јачина од 4,6 степени со епицентар на 25 километри од Петриња, и 75 од главниот град Загреб.
Во истата област 20 минути подоцна следуваше уште еден со интензитет од 3 степени според Рихтер.
