Министерството за одбрана на Ерменија, соопшти дека силите на Азербејџан повторно почнале воени дејствија во Нагорно-Карабах.
„Азербејџанските сили на 12. декември ги обновија борбените дејствија во населбите Стари Таглар и Хцеберд“, се наведува во соопштението.
Се додава дека војската на Нагорно-Карабах ги превземала сите неопходни чекори.
Засега не се открива дали има загинати во борбените дејствија. Исто така по ова прашање не се огласија властите во Азербејџан.
Русија во меѓувреме, пријавила прво кршење на договорот за прекин на огнот. Министерството за одбрана соопшти дека инцидентот се случил вчера, околу областа Хадрут.
