Пожар избил во куќа во Скопје, зафатена била и соседната куќа – едно лице повредено

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 04.06.2021 околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Николов“ настанал пожар во куќа сопственост на А.Г.(43), при што била зафатена и соседната куќа, сопственост на М.Т.(34).

При обид за гасење на пожарот со повреди се здобил Г.Б.(57), кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје.