АМСМ: На граничниот премин „Богородица“ се чека околу 40 минути

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е зголемен, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин „Богородица“. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), времето на чекање за премин на границата изнесува околу 40 минути.

Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да бидат внимателни, да ја приспособат брзината според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Посебна внимателност се препорачува на патиштата кои минуваат низ долини, кањони и клисури, каде што постои можност за појава на свлечишта и одрони на камења. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.