Пожар кај Палиград и Китка: Скопските пожарникари, воздухоплови на ДЗС и МВР и екипи на Национални шуми дејствуваат интензивно за негово локализирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем број екипи и сили се на терен, ангажирани за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка. Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми – информираат од Центарот за управување со кризи.

„Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак“, соопштија од ЦУК.

Како што информираат оттаму, состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.