Кровот на едно казино во Ѓорче Петров утрово зафатен од пожар. За среќа немало повредени лица, туку причинета е само материјална штета. Пожарникарите за кратко време успеале да го локализираат пожарот спречувајќи поголема несреќа.
Командантот на противпожарната територијална единица на Град Скопје, Звонко Томевски рече дека според првичните информации пожарот избувнал на вториот кат од објектот но додаде дека чекаат истрагата да покаже точно како се случило.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, рече дека за среќа противпожарната единица реагирала навреме и брзо.
Иако на лицето му се гледаше уморот од гаснењето на пожарот, командантот Томевски апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни со грејните тела.
Пожарот избувнал во 10.30 часот утрово а во неговото локализирање учествувале 6 противпожарни возила. Поради пожарот, имаше пречки во сообраќајот во овој дел на општината.
