Едно лице паднато во безсознание поради густ чад било итно извлечено од пожарникарите во Струмица, откако настанал пожар во неговата куќа.
„Со 1 ПП возило и 5 пожарникари спасители учестувавме во гаснење на запалена куќа. При претрага на вториот кат во една од просториите е најдено лице паднато во бесознание поради густиот чад. Лицето е извлечено и е извршена реанимација по што е предадено на екипа на брза помош. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран“, информираат од ТППЕ во Струмица.
