Уште еден пожар се случи поради плинска боца овој пат во Ново Лисиче. Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот, а Командантот на противпожарната бригата изјавил дека од една страна се гаси пожарот, а од соседната се извлекува станарка.
„Во соба веднаш до онаа каде што избил пожарот има жена која што оди на дијализа. Сега ја извлекуваме“, рече командантот Симоновски, пренесува „Макфакс“.
Запалениот стан е на булеварот „АСНОМ“ број 64 во Ново Лисиче. Станарите од зградата потврдија дека причината е плинска боца.
