Пожар во трговски центар во хрватски Шибеник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Шибеник денеска околу 12:18 часот добила пријава за пожар во приземјето на трговскиот центар Сити Лајф.

„Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнала и противпожарната служба на Шибеник со три возила и осум пожарникари, а пожарот бил локализиран во 12:50 часот“, соопштија од полицијата.

Во пожарот нема повредени, а материјалната штета ќе се утврдува подоцна.

Полицијата во соработка со инспекторот за противпожарна заштита ќе изврши увид на лице место за утврдување на причината, додаваат од полицијата.

ФОТО: Архива