Пожар зафати рафинерија за нафта во Техеран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар избувна денеска во рафинерија за нафта во јужниот дел на Техеран по експлозијата предизвикана од истекување на течен гас, изјави шефот на кризната група во главниот град на Иран за државната телевизија.

Пожарот ја зафати државната петрохемиска корпорација Тондгујан, изјави Мансур Дараџати, генерален директор на тимот за управување со кризи во главниот град.

Претставник на иранскиот оддел за итни случаи истакна дека на местото на пожарот се испратени 10 амбулантни возила и друга опрема. Болниците во областа се исто така во состојба на готовност. Засега нема информации за жртви.