Пожарите не стивнуваат – потребни се 50 години за да се обнови опожарената шума

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарите уништија стотици хектари шума, а за да се обнови потребни се најмалку 50 години, вели директорката на ЈП „Национални шуми“, Јулијана Николова.

Повеќето пожари се локализирани, но некои сѐ уште се активни. Гори на неколку места во Скопје, Струмица, Куманово, Охрид, Битола во штипско, Кочани и Гевгелија.

Штетата од пожарите е голема, додава таа. Според Николова, сѐ уште не се познати причините за избувнувањето на пожарите.

Инаку, хеликоптерите на Армијата уште од изутрина гасат на најкритичните точки.

Најголемиот пожар е во шумата „Средна“ во Делчево и е тешко да се стави под контрола, поради непроодниот терен, сувата трева и ветерот. Од огнената стихија која во вторникот го зафати Кочани, предизвикана е значителна материјална штета – опожарени се возила, две куќи и штали.