Пожарникари ноќва ќе дежураат во струмичко Сушево

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица со тим од два до три пожарникари со едно теренско возило ќе бидат дежурни на терен, конкретно ќе бидат противпожарна стража во с.Сушево во текот на ноќта, согласно одлуките на Општинскиот кризен штаб.

Утре (01.07.2024 година), во раните утрински часови од околу 05.00 до 06.00 часот ТППЕ Струмица со четири ПП возила и околу 15 пожарникари, а и со едно возило и пет пожарникари од ТППЕ Радовиш, е планирано да се упатат на местото на пожарот над с.Сушево.

Истовремено, доколку е потребно, утре е можно ангажирање на соодветна воздухопловна поддршка од МВР според ресурсите со коишто се располага и утрешната конкретна ситуација на терен, а на барање на општината до Центарот за управување со кризи, што потоа се координира, исто така, од ЦУК со институциите од Системот за управување со кризи (ЦУК).