Пожарот и натаму е активен на тетовско Селце. Веќе пет дена по ред гори планината а пожарот се доближува до куќите од селото.
Жителите велат дека се вознемирени и не можат да спијат ноќе. Ги обвинуваат надлежните дека не вложуваат доволно напори за гаснење на пожарот.
„Страв ни е, нема кој да дојде да го спречи. Вчера дојдоа со хеликоптери, но ми изгледа како да фрлија бензин, повеќе почна да гори, не го спречија. Синоќа видов дека се приближува пожарот. Јас сум од Вејце но го гледам пожарот ад Селце“.
„Пет дена трае. Дојдоа вчера, фрлија вода, како да го палеа а не да го гасат. Како да спиеш? Планината не штити од поплави, ние ја запаливме, нема овде држава, сите доаѓаат гледаат и си одат, немаме што да правиме. Вчера кога дојдоа хеликоптерите мене ми изгледаше како да фрлаат бензин а не вода“.
Но командантот на територијалната противпожарна единица вели дека синоќа биле на местото на настанот до 21 часот и дека во текот на вчерашниот ден интервенирале и со хеликоптер.
„Пожарот е на 2 км од селото, за нас како пожарникари тоа е тежок терен, планински терен е како што се гледа. Правиме напори да бидеме на ниво на задачата. Од ЦУК побаравме да се активираат хеликоптерите и авионот што ги поседува Северна Македонија. До сега имаме активен еден хеликоптер“, вели Авни Ахмети.
И во текот на денешниот ден продолжуваат обидите за гасење на пожарот но сега за сега истиот се уште е активен.
