Пожарот во с. Богословец зафати стари куќи, нема повредени – се очекува до раните утрински часови да биде ставен под контрола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил посочи дека се наоѓа над селото Богословец во Свети Николе каде пожарот зафатил неколку стари куќи во кои не живее никој.

„Нема жртви, нема повредени. Благодарение на интеревенцијата на ТППЕ Св. Николе и посебно светиниколското доброволно противпожарно друштво пожарот во селото е изгаснат, но се движи кон соседниот врв до врвот Богословец како и на исток од селото. Очекувам до раните утрински часови пожарот да биде ставен под контрола“, посочи Ангелов.