Познати се сите 14 кандидати за членови на Државната изборна комисија, а партиите веќе имаат свои фаворити.
Кренар Лога е кандидат за член кој доаѓа од Алијанса за Албанците, додека Бобан Стојаноски и Александар Даштевски доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. Дитмире Шеху е од ДУИ.
Останатите кандидати се: Јанаке Витановски, Борис Кондарко, Бети Ѓоргиевска, Оливер Ристовски, Љупка Гугучевска Филипоска, Радица Ристеска, Елизабета Постоловска, Димитар Спасески, Кренар Лога и Зоран Михајлоски.
Комисијата за избори и именувања во Собранието денеска треба да го констатира овој список.

