Со денешеното последно шесто коло во Лигата на шампионите, познати се сите 16 тима кои ќе играат во најелитното европско натпреварување.
Најдраматично беше во групата „Х“ во која Бенфика на крајот го помина ПСЖ и заврши како првопласиран, иако двата тима имаа ист број на бодови и иста гол разлика, а меѓусебниот дуел исто така заврши два пати нерешено. Но, поради повеќе постигнати голови на гости, тимот од Лисабон се пласираше на првото место.
Во групата „Е“ Челси сигурно беше прв, и со победата над Динамо, само ја потврди челната позиција, а втор патник од оваа група е Милан кому му одговараше нерешено со Салцбург, но „росонерите“ победија убедливо со 4-0.
Реал Мадрид се знаеше дека оди понатаму, а вториот патник од групата „Ф“ е германски Лајпциг кој го победи Шахтјор со 0-4 на гостински терен.
Од групата „Г“ Манчестер Сити со 14 бода оди во следната фаза, додека Борусија Дортмунд со вечерашниот бод во Копенхаген собра девет.
Во 1/8 финалето вчера пласман обезбедија Наполи, Ливерпул, Порто, Бриж, Баерн Минхен, Интер, Тотенхем и Ајнтрахт Франкфурт.
