Познатиот македонски пејач Даниел Кајмакоски утрово е дома и во добра здравствена состојба по инцидентот што се случи ноќеска во близина на Бетон Хала во Белград, потврди неговата ПР-претставничка, Миланка Рашиќ.
Според информациите на Рашиќ, Кајмакоски бил киднапиран од непознати лица, за кои се наведува дека се странски државјани. Тие го врзале и го возеле во неговиот автомобил, барајќи износ од 20.000 евра. За време на патот кон Рума, сообраќајната полиција се обидела да го запре возилото, но автомобилот удрил во банкина, по што осомничените излегле и избегале.
По инцидентот, пејачот поминал неколку часа во полициска станица. Од разговорот со Кајмакоски, Рашиќ истакнува дека тој смирено и храбро се соочил со киднаперите. Во интерес на тековната истрага, пејачот засега нема да дава јавни изјави.
„Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и се грижат за него“, додава Рашиќ.
