Пратеничка надзорна посета на УБК и на АР на 5. и 9. февруари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 9-ти и на 5-ти февруари е закажана надзорната посета на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање од страна на членовите на собраниската Комисија за надзор над нивната работа.

Ова беше денеска заклучено на седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на УБК и на АР, по барање на пратениците членови од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Како што информира пратеникот Павле Саздов, се очекува за време на посетата на УБК и на АР членовите на Комисијата да бидат брифирани за подготвеноста за справување со можни терористички закани во Република Македонија по случувањата во Франција и во Турција.

Претходно, едногласно беше усвоен заклуичокот за соработка на Комисијата со Центарот за безбедност, развој и правда од Женева, Швајцарија.