Останува непознато местото од кое се јавува пратеничката Кира Рудик, поради безбедносни причини.
ТВ21: Јас би поставил едно лично прашање доколку дозволите. Со оглед на тоа што преку ноќ се промени состојбата во Украина, како се чувствувате? Преку ноќ се будите и завршувате со пушка во рака. Како се чувствувате?
„Ви благодарам многу за ова. Ние не можеме да го прифатиме ова дека е реалност. Јас не знам некој што навистина ова мисли дека е реално. Се обидуваме да се снајдеме во оваа нова релност. Покрај останатите активности, секој ден одам на железничката станица и разговарам со бегалците со цел да ги смирам, помогнам и влеам надеж. Постојано го правам тоа. Секое утро ние имаме интензивен воен тренинг со оружје. И кога сте супер уморни тоа помага да не сте многу вознемирени“, истакна Кира Рудик.
Бара итно да се донесе одлука за затворање на небото над Украина, бидејќи како што вели Русија највеќе напаѓа од воздух и поради тоа голем број на жители се на раб на егзистенција. Не може да се достави храна и вода, а за да го преживеат денот, топат снег за да добијат вода..
„Станува збор за нешто многу повеќе, односно глобален конфликт. Гледаме дека има опасност за цела планета, од неклаерна хаварија, односно нуклеарни последици. Гледаме дека санкциите предизвикуваат проблеми на глобалната економија, односно на светско ниво. Гледаме дека во Европа има повеќе од 2,5 милиони бегалци кои се во земјите членки на ЕУ и затоа потсетуваме дека овој конфликт не е локален, не е украинско-руски, туку носи светски ризици и затоа повикуваме да ни се помогне да ја победиме оваа војна, за да се спречат хуманитарните катастрофа и страдањата на целото човештво“, посочи Кира Рудик.
Од првиот ден, таа и нејзините колеги се вооружени и станаа членови на отпорот кои секојдневно се борат да ја зачуваат својата територија. Киев се подготвува со храна, вода и лекови, бидејќи Рудик вели дека очекуваат да биде град под опсада.
„Сите се плашат и од друг аспект, а тоа е нуклеарниот напад. Повеќемина очекуваа дека Путин би притиснал на некое црвено копче кое би предизвикало нуклеарна војна. Меѓутоа тоа не е стратегијата. Она од што се плашиме е дека можен е напад и можно е да се уништат нуклеарните централи во Заположје или Чернобил и токму тоа го приметуваме во Чернобил каде ако продолжат овие активности од руска страна во централата тогаш може да дојде до нуклеарна хаварија“, додаде Кира Рудик.
Рудик на крајот од интервјуто ни рече дека ќе издржат и ќе успеат да се одбранат, а во моментов им помагаат на бегалците безбедно да се евакуираат.
