Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изрази безрезервна поддршка кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на партијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение денеска го изнесе својот став во однос на актуелните случувања на темата „Вонреден конгрес“

„Ние, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како избрани претставници на граѓаните во Законодавниот дом, како примарна цел ја имаме работата во интерес на народот за подобра економија, подобро здравство, поголема правна сигурност, преку разобличување на актуелната власт која ја претвори државата во хибриден режим, со највисока корупција во Европа“, истакнуваат во соопштението.

Се додава дека во овој контекст, пратениците ја даваат својата безрезервна поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на партијата, за да со заедничко и координирано дејствување ќе успеат што поскоро да ја поразат актуелната власт, која што не е дел од решението, туку, како што велат, е дел од проблемот на македонските граѓани, особено во делот на економијата, здравството и образованието.

„Пратениците упатуваат препорака до матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, во однос на интегритетот на партијата како политички субјект, целосно да се почитуваат одредбите од Статутот и безусловно се залагаме да се почитуваат надлежностите на Централниот Комитет, Извршниот Комитет, Конгресот и другите партиски органи, без да се дозволи нивна злоупотреба од страна на било кои поединци или групи“, се додава во соопштението од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.