Пратениците на принуден одмор поради изборите – и последниот ден пред изборната кампања без седници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради одржувањето на локалните избори, Собранието оди на принуден одмор, за да истото не се претвори во арена за меѓусебни обвинувања и промоции во текот на изборната кампања.

И последниот ден без закажани седници, а пратениците во собраниските клупи ќе се вратат на почетокот од ноември. Законот со кој недела требаше да биде неработен ден, како и законот за редовно вработување на настаниците останаа недонесени поради опозицијата која работата ја услови со анкетна комисија за утврдување на причините за несреќата во Тетово.

„Во овој драматичен случај сметаме дека неминовна е процесуирањето на оставката на министерот Филипче кој што премиерот без никаков законски правен основ ја држави во фиока, а го нема тоа право имено тој треба само да проследи оставката до спикерот на парламентот и ние како пратеници тоа со прост премин да го констатираме, без да се впушта во расправа бидејќи оставката е морален чин и неотповиклива воља на министерот“, истакна Димитар Апасиев.