Православните верници го слават Бадник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници.

Семејството на Бадник се собира на заедничка посна трпеза и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Во сите храмови утрото по Бадник се служи празнична Божикна литургија.

Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос.

Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.