Владата денеска беше исполнета со радост и топлина, облеана со детски насмевки и смеа, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
Во рамки на празничната средба, најмладите ја посетија Владата и си заминаа среќни, носејќи пакетчиња и убави спомени од денот поминат во владините простории.
Настанот помина во позитивна и весела атмосфера, а ваквите активности, како што беше истакнато, имаат за цел да внесат радост кај децата и да ја доближат институцијата до најмладите граѓани, особено во празничниот период.
