Пред 1 година Мијалков исчезна на неколку дена – кој ќе го врати доколку исчезне повторно?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред една година Сашо Мијалков беше најбараниот човек во земјава. Полицијата никаде не можеше да го најде. Обвинителството пушти барање за притвор. Никој не понесе одговорност за неговото исчезнување, неколку дена пред објава на пресудата за предметот Таргет – Тврдина. Иако  за Мијалков беше пуштена национална  и меѓународна потерница, Мијалков се пријави во обвинителство пред да го најде полицијата.

По појавувањето на Мијалков, премиерот во заминување, Зоран Заев изјави дека екс шефот   на УБК немал каде да бега бидејќи  Заев лично ја координирал акцијата  за апсењето на  Мијалков.

Наспроти одлуката на  Апелација за ослободување на Мијалков, ставот на Обвинителството беше да не се прифаќа понудената  гаранција.

Освен Мијалков, и бизнисменот Орце Камчев е ослободен од притвор   со   идентична гаранција од речиси 11 милиони евра  која се состои   имот и пари на  рака. Од судот  додаваат  дека на Камчев му е одредена мерка на претпазливост  односно да се пријавува во судот една неделно и да не го напушта Скопје.